Руската медицинска сестра на која ѝ се гледаше долната облека пред пациентите, стана водителка

Руската медицинска сестра Надежда Жукова (23), која пред неполни два месеци стана популарна во земјата, откако се прошета покрај пациентите заразени со коронавирус, во заштитно оддело, под кое ѝ се гледаше долната облека, стана водителка.

Како што пренесуваат руските медиуми, Жукова добила и манекенски ангажман. Жукова во мај беше под дисциплинска постапка, затоа што на пациентите им давала лекови, а истовремено не забележала дека под нејзиното заштитно оддело се гледала нејзината долна облека.

Таа тогаш се пожалила дека во заштитното оддело и било прежешко, а дисциплинската постапка била стопирана по големиот притисок од јавноста.

Сега ѝ е понудена улога на водителка на временска прогноза на локална телевизиска станица во Тула, јужно од Москва, но таа сепак ќе продолжи да работи и како медицинска сестра.

Откако го привлече вниманието, неодамна и бил понуден и манекенски ангажман. Таа станала модел на рускиот бренд за спортска облека, но инсистира на тоа да не ја отфрла кариерата во здравството.

„За мене тоа е голема работа. Фала што ми дозволивте да се обидам. Моите родители ќе можат да ме гледаат на телевизија, но навечер, по работата“, кратко изјавила Надежда по повод идната работа во телевизија.

Во мај, губернаторот на Тула Алексеј Дијумин, близок соработник на Путин и неговиот поранешен телохранител, силно ја поддржаа Надежда, па се откажаа од тоа да и биде одредена казна.

Надежда тогаш изјавила дека била шокирана кога нејзините пријатели и покажале фотографии, на кои и се гледа само долната облека. Истите за кратко време се раширија по социјалните мрежи.

„Мислев дека тоа ќе биде само тема на разговор во мојот град. Како што се испостави, тоа сепак не беше случај. Сепак имав голема поддршка од колегите и затоа сум им бладогдарна. Да не беа тие, не знам како ќе се изборев со притисокот. И поддршката од губернаторот беше неочекувана и ме смири“, изјавила Надежда.

Покрај ангажманот кој го добила, Надежда планира да продолжи со студиите и да стане докторка. Во меѓувреме таа продолжила да работи на одделението за заболени од Ковид 19 и вели дека не се плаши од заразата.

„И покрај сите ризици, стрес, постојан недостиг на сон, сигурна сум дека ќе успеам во борбата. Главно е да го задржам позитивниот став“, вели Надежда.

Нејзините колеги од старт застанаа во нејзина одбрана, велејќи дека за работниците во здравството нема доволен број на адекватни одела, кои се носат под заштитната опрема.

Scroll to Top