Почна снимањето на петтата сезона на серијата „Каса де папел“

Популарната серија „Каса де папел“ почна да се снима по пауза од шест месеци. Петтата сезона на серијата требаше да се сними на почетокот на годината и веќе да биде завршена, но пандемијата на коронавирусот го одложи снимањето, пишува Elle Espana.

Сега кога конечно попуштија мерките во Шпанија, продуцентите одлучија дека е безбедно да се  продолжи со работа и деновиве се направени првите снимки.

Еден од главните ликови, Алваро Морте, кој го глуми Ел Професор, сподели фотографија на „Инстаграм“ на која е со маска, според пропишаните мерки. „Се вратив, професорот се врати“, напиша тој.

 

Scroll to Top