Поранешниот папа Бенедикт XVI се разболел по посетата на неговиот брат во Германија

Поранешниот папа Бенедикг XVI се разболел по неговата посета на неговиот болен брат во Германија во јуни, пишуваат германските медиуми.

Бенедикт во јуни го посетил својот болен брад Џорџ во Германија. Тоа била неговото прво заминување од Италија од напуштената папска служба во 2013 година.

Две недели по посетата, неговиот брат починал.

Според пишувањата на германскиот весник „Пашауер Ноје Прес“, Бенедикт пати од состојба која е карактеристична за осип на лицето и повремени болки.

Спорд пишувањата на неговиот биограф Питер Зевалд, папата бил многу слаб и изнемоштен. Сепак тој вели дека неговиот мозок функционира одлично, но дека драстично го изгубил гласот.

Зевалд го посетил папата во Ватикан за да му ја предаде биографијата. Тој вели дека Бенедикт бил доста оптимистичен и најавил дека кога ќе му се врати силата, може повторно да го прифати перото и да почне да пишува.

 

 

Scroll to Top