Австралиската актерка Елизабет Дебики ќе ја глуми принцезата Дијана во последните две сезони од познатата серија „Круна“.
Ема Корин ќе биде Дијана во претстојната четврта сезона, а Дебики ќе ја преземе оваа улога за најдраматичните поглавја од нејзиниот живот. Петтата и шестата сезона се најавени како последни, но сè уште не е познато кога ќе бидат објaвени.
Дебики (29) ќе се придружи на новата екипа на серијата, што ги вклучува и Имелда Стонтон како Елизабета Втора, Џонатан Прајс како принцот Филип и Лесли Менвил како принцезата Маргарет.