(Видео) Чоколаден снег заврна во Швајцарија

Жителите на швајцарскиот град Олтен беа изненадени од невообичаената непогода кога почна да врне чоколаден снег. Снегот за брзо време се раширил низ целиот град, а подоцна властите утврдиле дека станува збор за честички од какао прав.

Тие се разлетале во атмосферата како резултат на дефектот во вентилацискиот систем во блиската фабрика за чоколада Lindt&Spruengli, пренесува Indipendent.

Од фабриката потврдиле дека дошло до дефект во погонот на системот за ладење, каде се пржи какаото во нивната фабрила во Олтен, сместена меѓу Базел и Цирих.

Од тие парчиња пржено какао, подоцна се прави чоколадата. Во комбинација со силен ветер, правот од какаото се раширил по околината на фабриката, оставајќи зад себе слој од фина чоколадна прашина.

Од фабриката соопштиле дека се подготвени да го платат миењето на сите автомобили што  биле покриени со чоколадниот прав. Засега никој не се јавил да ја прифати нивната понуда.

И покрај дефектот, производството продолжило нормално, а од Lindt&Spruengli исто така порачале дека какаото прав нималку не е штетно за околината и луѓето.

Системот за вентилација во меѓувреме бил поправен.

 

Scroll to Top