Во античкиот театар на локалитетот Хераклеа во Битола вчера концерт имаше хрватскиот музичар Петар Грашо.
По снимките кои кружат по социјалните мрежи од присутните, како и од фотките, револтот е голем заради тоа што на концертот во Хераклеа не е испочитуван протоколот. Ниту се одржува физичка дистанца, а ретко кој носи и заштитна маска.