(Видео) Се судрија „бугати“ и „порше“, најскапата сообраќајка во Европа тешка 3,5 милиони евра

Најскапата сообраќајка во Европа, тешка 3,5 милиони евра, се случи во Швајцарија, во кантонот Ури. Во неа учествуваа едно „бугати“, „порше 911“ и еден „мерцедес“.

Несреќата настанала откако возачите на „бугати“ и „порше“ во истиот момент се одлучиле да ги претркаат останатите во колоната.

Присутните велат дека несреќата била неизбежна, а освен прескапите „бугати“ и „порше“, во сударот учествувало и возило со камп-приколка и еден „мерцедес“.

По сударот, полицијата соопштила дека во незгодата е повреден еден од возачите и истиот веднаш бил префрлен во болница. Возачите на „шорше“ и „бугати“ одбиле да потпишат заединчка изјава за сообраќајната несреќа.

Процената на штетата, по направениот увид, била утврдена во висина од 3,5 милиони евра.

 

 

Scroll to Top