Чешкиот претседател Милош Земан си ја скршил раката во својата резиденција, пренесуваат тамошните медиуми. Тој веднаш бил пренесен во болница каде што му била направена операција. Лекарите велат дека состојбата е стабилна, изјавил денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
Земан (95) бил хоспитализиран синоќа поради повреда. Тој паднал во својата резиденција, затоа што одел без стапот што обично го користи, пренесува „Асошиетед прес“.
„Претседателот е на стандардна постоперативна нега сега“, изјавил Овчачек.
Земан страда од невролошки компликации во ногата и обично се движи со помош на стап или телохранител.
.