Професорка од Белград била член на меѓународна криминална група

Професорката од Белград, Н. Ш. (44), била член на меѓународна криминална група, пишуваат српските медиуми. По неа била распишана потерница од Франција, а таа веднаш била уапсена кога се обидувала да влезе во Босна, каде што планирала да замине на излет.

Таа предава англиски јазик, а уапсена била на почетокот на август на граничниот премин Вардиште во Босна и Херцеговина. По неа била распишана потерница од францускиот Интерпол поради сомнение дека била дел од меѓународната криминална група за шверц на наркотици.

„Жената била на одмор во западна Србија, а кога одлучила да отиде на излет во Вишеград, на граничниот премин била уапсена. Полицаецот ја проверил нејзината лична карта во системот и забележал дека по неа е распишана потерница“, вели извор близок до истрагата.

„Човекот што ја придружувал на почетокот не бил изненаден од ситуацијата и тој слободно ја поминал границата, но кога забележал дека таа е задржана, бил збунет. Се вџашил кога дознал зошто жената била приведена, а слична реакција имала и таа, дополнува изворот.

Судот во Бордо, според извештајот, имал налог за нејзино апсење уште од февруари годинава. Жената сега може да се соочи со казна затвор од 10 години. Кривичните дела за кои таа се товари наводно ги направила во 2018 година.

 

Scroll to Top