Потребни состојки:
мала лажица црн пипер
малку сол
700 грама свинско мелено месо
2 лути феферонки
100 милилитри масло
100 грама кромид
50 милилитри кајмак
1 лажица сув зачин
1 главица лук
300 грама јунешко мелено
Начин на подготовка:
Кромидот и феферонките ситно исечкајте ги и измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол и сол, па сè замешајте во хомогена смеса. Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете им по една лажица кајмак и веднаш послужете. Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.