Ја убил девојка му затоа што мислел дека бебето не е негово

Бранимир Чале од Хрватска е осомничен за убиство на неговата девојка, Ана која била бремена во осмиот месец. Обвинителството го терети, дека во 2013 година, во хотел во Украина, тој ја убил девојката удирајќи ја со тап предмет, откако дознал дека бебето кое таа го носи не е негово.

Тој пред седум години го негирал убиството, велејќи дека тие се запознале во Украина уште во 2012 година и дека од тогаш се немаат видено. Потоа во 2014 година се бранел со молчење, за на крајот да го признае делото.

„Се сметам за виновен, но не како што обвинителството опишува. Жал ми е за тоа што се случи. Се кајам и би сакал да им се извинам на родителите и на сите нејзини блиски“, изјавил тој.

Во средата било одржано рочиште за кое присутните велат дека било многу емотивно. Адвокатот на Бранимир за медиумите изјавил дека неговиот клинет бил нервозен и плачел додека траело судењето.

„Сакам ова да заврши што е можно побрзо и да го добијам тоа што го заслужувам“, изјавил Бранимир за медиумите.

Хрватските медиуми пренесуваат дека за убиството на Украинката и нејзиното бебе, на Бранимир му се закануваат 40 години затвор.

 

Scroll to Top