За кора
Во сад загрејте ја слатката павлака заедно со млекото, доволно да стане млака.
Прелијте преку мелените бисквити и добро измешајте. Тавата обложете ја со хартија за печење и нанесете ја бисквитната смеса.
За белиот фил
Потребно е да ја загрееете слатката павлака, додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи, во меѓувреме спремајте го желатинот според упатството и додајте го во слатката павлака. Откако ке се излади можете да додадете и кисела павлака.
Белиот фил прелијте го преку кората од бисквити и оставете во фрижидер да се стегне околу 2 часа.
За филот од малини
Во сад ставете ги малинките, прелиј те ги со шеќер, и ставете ги на оган. Откако ке добиете смеса како мармалад, одприлика 10 минути, додајте го желатинот и мешајте додека се растопи.
Оставете да се излади 20 минути и прелијте преку белиот фил и оставете да се стегне.
За чоколадниот фил
Желатинот со 4 лажици вода оставете го да набубри. Загрејте ја слатката павлака, додајте ја чоколадата и мешајте додека се растопи. По желба додајте екстракт од ванила.
Додајте го желатинот и мешајте додека и тој не се растопи. Оставете малу да се излади околу 20мин и ставете кисела павлака. Откако филот од малини ке се стегне додеајте врз него чоколадниот фил. Ставете во фрижидер да се стегне. Декорирајте по ваша желба, со бонбони, или слатка павлака.
- 300гр мелени бисквити
- 100мл слатка павлака
- 50мл млеко
- За бел фил
- 250мл слатка павлака
- 100гр кисела павлака (дополнително)
- 100гр бела чоколада
- 10гр (едн опакување) желатин во прав За фил од малини
- 300гр малини (замрзнати)
- 4лажици шеќер
- 10гр желатин во прав
- За чоколаден фил
- 300мл слатка павлака
- 100гр кисела павлака (дополнително)
- 100гр темна чоколада за готвење
- 10гр желатин во прав декорација по желба