(Фото) Срушен светскиот рекорд во стоење на лед

Џозеф Кобрел го сруши светскиот рекорд на стоење на лед. Необичниот рекорд беше соборен во Австрија, а учесниците велат дека иако летото е вистинско време за ваков подвиг, задачата нималку не е лесна.

Џозеф издржа да стои на кутија на лед два ипол часа и 57 секунди. Повеќе од 200 килограми коцки лед беа потребни за да се наполни стаклениот бокс, во кој се наоѓаше Џозеф и кој на себе имаше само купачи. Против бранот на болки, од студтот, Џозеф вели едка се борел со позитивни мисли.

„Се борам против болките со визуализација и цртање на позитивни емоции, за да не му дадам сила на бранот на болката. Така можам да издржам“, изјавил Џозеф.

Тој успеа да го собори рекордот кој самиот тој го постави во 2019 година, од 30 минути на градскиот плоштад Мелк во Долна Австрија.

 

Scroll to Top