Сè поголем број на млади лица во САД живеат со родителите

Младите во Америка сега многу повеќе живеат со родителите, отколку во периодот на големата економска криза во 1929 година.

Ова го покажуваат податоците на „тинк-тенк“ организацијата Pew Research. Нивното истражување покажало дека младите во САД, живеат сега повеќе за разлика од минатиот век.

Нивното истражување потврдило дека 52% од младите во САД, сè уште живеат со нивните родители. Станува збор за лица на возраст од 18 до 29 години, пишува американскиот магазин „Форбс“. Забележан е значителен пораст на бројот кај оние кои живеат со родителите од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Во време на голема економска криза, која е позната како Големата депресија, 48% од младите живееле со родителите во САД. Пандемијата со коронавирусот, тешко ја погодила оваа популација, пред сè во економска смисла.

Многумина мислат дека токму младите се најтешко погодени со пандемијата. Експертите велат дека младите живееле во изнајмени станови, под ќирија, а дека сега мораат да се вратат кај своите родители. Сеот тоа може да има големи последици на пазарот на недвижности.

Од 1960-те години, до почетокот на пандемијата, во САД континуирано расте бројот на младите кои се осамостојуваат. Последните податоци на Министерството за труд во САД, покажале дека во текот на пандемијата, без работа останале 13,6 милиони луѓе.

 

Scroll to Top