Првата дама во САД, Меланија Трамп, доби нова статуа во нејзината родна земја, Словенија. Новата бронзена статуа ќе ја замени дрвената скулптура, која беше поставена во јуни 2019 година, а која непознати сторители ја запалија.
„Во сеќавање на споменикот на Мелнија, кој стоеше на ова место“, ќе пишува на плочата.
Споменикот е дело на американскиот автор Бред Дауни. Статуата ќе стои во Севница, местото каде што Меланија Трамп пораснала.