Пита со печурки

Потребни состојки:

1 пакување кори
Сусам
200 гр печурки
1 праз
3 јајца
400 гр кисела павлака
сол
бибер
масло

За премачкување:

70 мл топла вода
70 мл масло

Начин на подготовка:

Празот и печурките пропржете ги на малку масло. Зачинете по вкус. Додека се ладат, изматете ги јајцата и додадете ја павлаката. Потоа соединете. Првата кора премачкајте со смесата од масло и вода, на втората ставете фил и свиткајте во круг. Повтрувајте го процесот додека имате кори и фил. Премачкајте ги со жолчка, па наросете со сусам. Печете на 200 степени, 25-30 минути.

Scroll to Top