Вчеравечер во Штип со позатите макфестовските евргрини „Макфест”. Фестивалот за забавна музикаго славеше 35. издание, но овој пат зардаи пандемиијата, фестивалот за првпат се одржа на отворено, на Градскиот плоштад „Слобода”. Публиката беше со заштитни маски и на пропишаното растојание и буквално уживаше и ги потпевнуваше безвременските хитови. Настапија Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.
Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн” и Хелена Благне. Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди”.
Вечерва е натреварувачката фестивалска вечер, на која ќе се испејат 24 нови макфестовски песни.