Потребно за две порции:
2 тиквички
150 гр брокула
1/2 главица кромид
Начин на подготовка:
Тиквичките измијте ги и излупете ги, а потоа исечкајте ги на ситни коцки. Кромидот исечкајте го и пропржете ги на малку масло, па додадете ги исечканите тиквички, но не повеќе од две минути. Додадете малку вода и варете околу 15 минути. Сварете ја брокулата неколку минути во жешка вода и исцедете ја. Тиквичките заедно со водата во кога се вареле и брокулата ставете ги во блендер и се заедно убаво измиксирајте. Вратете ја смесата во тенџерето и варете уште пет минути.