Рибарот Луис Кастор, кој ловел на езерото Харлем Мир, во њујоршкиот Централ парк, успеал да извлече леш од водата, пренесуваат американските медиуми.
Додека ловел почувствувал дека неговата јадица се закачила за некаков тежок објект. Сватил дека се работи за човечко тело, кога почнал да го извлекува надвор од водата.
„Помислив дека видов дух. Ми се заглави јадицата. Кога ја намотав и сакав да ја подигнам, видов како од езерото прво излегува нога, а потоа и остатокот од телото“, изјавил Кастор.
Рибарот, кој во Централ парк ловел од својата седма година, изјавил дека сликата била толку застрашувачка, што во неколку моменти морал да го тргне погледот, поради страшната слика.
„Беше страшно, навистина страшно. Не можев да им поверувам на очите“, изјавил тој.
Полицијата утврдила дека се работи за тело на маж во 30-те години, кој имал повреда на главата, а засега причината за неговата смрт, не е позната.
Кастор изјавил дека не е сигурен дали во иднина повторно ќе може да лови на истото место.
„мислам дека нема да можам повеќе да се вратам во овој парк, иако се наоѓа во близина на мојот дом“, изјавил тој.
Според информациите на американските медиуми, ова е трето тело за овој месец, кое е извлечено и пронајдено во Централ парк.