Идеи како да ја уредите собата за бебиња близнаци

Дизајнот на собата може да биде огромен предизвик за сите млади родители.

Ситуацијата е уште попредизвикувачка кога станува збор за близнаци. Нашата денешна тема е собата за близнаци – момчиња и девојчиња. Во тој поглед собравме за вас на едно место грст занимливи идеи за креирање инспиративно опкружување за престој на вашите најмлади членови кои набргу доаѓаат на свет.

Дизајнот на заедничката соба може да биде изведен во две варијанти – првата е неутралната палета на бои и елементи, а другата е создавање дел наменет за момчето и дел за девојчето, што видно ќе биде поделен со боја и декор.

Поделена соба за момче и девојче

Доколку во заедничката соба за вашите малечки од различен пол сакате да создадете две зони, тоа можете најлесно да го постигнете со користење боја. Класичната розова за девојче и сината за момче се бои што најчесто се избираат, но секако вие не морате да се воздржите ако, на пример, сакате црвени, виолетови и жолти тонови, кои можат да бидат за девојче, или зелени, портокалови и сиви, кои може да бидат за момчиња. Постелнината, крпите за бебињата, подните прекривки и декоративните перничиња може во тој поглед најмногу да ви помогнат. Исто така, акцентните ѕидови во зоните каде што се креветчињата може собата да ја поделат на две зони.

Потполно неутрални соби за близнаци

Едноставен начин за дизајнирање на собата за вашето момче и девојче е во вид на неутрална палета на бои. Постелнината, завесите, подните прекривки, прекривачи и крпите во неутрални бои, наменети како за момчето така и за девојчето ќе ја направи вашата задача во уредувањето на нивното кутивче уште полесно. Боите, кои во овој поглед можете да ги користете, секако се белата, крем и бежовата, но и жолтата, сивата, зелената, тиркизната и сината. Доколку сакате навистина да створите инспиративна соба за бебињата, послужете се со некои интересни форми на ѕидот. Темите како вселената и пустината се совршени за создавање удобен бебешки простор.

Scroll to Top