Акциите на „Тесла“ пораснаа повеќе од 400 % од почетокот на годината

Производителот на електрични автомобили, компанијата „Тесла“, продолжи да изненадува на пазарот на автомобили и инвеститори и во 2020 година. Компанијата за првпат од нејзиното основање, четири квартали по ред, објавува позитивни резултати.

Кај неа е забележана добивка, а не губиток. Оваа компанија има амбициозни планови по отворањето на своите фабрики во Шангај, Берлин и Остин во Тексас.

Учесниците на финансискиот пазар веруваат дека компанијата би можела да учествува во кошницата на престижниот берзански индекс S&P 500, нешто што досега се нема случено.

Пазарната капитализација, односно вкупната вредност на компанијата пораснала за околу 400 милијарди долари во 2020 година, со што ја надмина вкупната вредност на две одамна етаблирани автомобилски компании, брендовите како „Форд“ и „Генерал Моторс“.

Компанијата „Тесла“, неодамна објави дека ќе почне со производство на сопствени батерии, за околу две години. Челичниот човек на компанијата Елон Маск, наведува дека капацитетот на батериите, во однос на моментално постоечките на пазарот, би можел да биде поголем за 50%.

Многумина се сомневаат во тоа дека главната бројка на возила на електричен погон, односно нивното зголемено пробивање на пазарот, со батерии, може да биде унапреден.

Произведувачот на возила „Тесла“ и понатаму се држи до плановите да произведе 500.000 возила во 2020 година, што е уште еден рекорд и уверување на инвеститорите да се исполнат ветувањата и да се зацврсти фокусот на инвеститорите на компанијата во наредниот период.

Од почетокот на годината, цената на акциите пораснала за околу 400%, што се отвора прашањето дали толкав раст е оправдан или не, или станува збор за резултат на шпекулација, односно претеран оптимизам. Досега, инвеститорите кои верувале во „Тесла“ и она што го работи, биле наградени.

 

Scroll to Top