Воспитувачка од Кина е осудена на смртна казна, откако во градинката во која работела отрула 25 деца, од кои едно починало, пишува „Би-би-си“.
Воспитувачката Ванг Јун е уапсена минатата година кога децата од градинката во градот Џиаозу, завршиле во болница, откако изеле каша за доручек.
Децата по доручекот почнале да повраќаат и да ја губат свеста. Судот утврдил дека негувателката во кашата турила натриум нитрат на децата кои ги чувала друга негувателка, откако претходно се расправале околу прашања за управувањето.
Ова не е првпат Ванг Јун да отруе некого. На судењето се покажало дека таа и претходно со ист отров се обидела да го отруе својот сопруг, кој поминал со полесни тегоби.