Првпат црномуреста актерка ќе ја глуми Ѕвончица во „Петар Пан“

Во новиот филм за Петар Пан, црномурестата актерка Јара Шахиди ќе ја игра улогата на Ѕвончица. Дваесетгодишната американска актерка ќе ја игра самовилата во филмот насловен „Петар Пан и Венди“. Со ова компанијата „Дизни“ се труди да го зголеми диверзитетот во филмската индустрија. Иако млада, Шахиди зад себе има десетгодишна кариера во Холивуд, а се прослави во серијата „Блекиш“.

Шахиди е прва црномуреста актерка која ќе ја игра Ѕвончица во голема холивудска продукција на „Петар Пан“. Главната улога ќе ја има анонимниот Александер Молони, а Џуд Ло ќе биде Капетан Кука. Дејвид Ловери ќе биде режисер на филмот.

Приказната за Петар Пан досега е раскажана во многу филмови, но најпозната верзија е анимираниот филм е од 1953 година.

 

Scroll to Top