Ќофтиња од компири и сирење

Потребни состојки:

400 грама ладно пире од компири,
1 мал кромид,
100 грама рендан пармезан,
70 грама скробно брашно,
1 јајце,
сол и црн бибер,
2 лажици масло за пржење
2 лажици путер за пржење

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот на ситно, па во истиот сад ставете го пирето од компири. Додајте сол и црн бибер по вкус, па изматеното јајце и добро измешајте. Потоа додајте ги ренданото сирење и скробното брашно и измешајте. Смесата треба да биде малку сува, но да може да се обликува. Ако е премногу леплива и не можете да ги обликувате ќофтињата, додајте уште неколку лажици скробно брашно. Оставете ја смесата во фрижидер околу 45 минути за да се стврдне. Земете малку смеса и формирајте топче, кое ќе го сплескате со дланките во форма на диск. Ставете ги ќофтињата на мрсна хартија. Ставете масло и путер во тава за пржење и загрејте на средна топлина. Пржете на едната страна околу 3-4 минути или додека не добијат златно-жолта боја, па превртете ги. Извадете ги на чинија обложена со хартиена крпа за да се впие вишокот мрснотии.

Scroll to Top