Индиска актерка обвинета за смртта на нејзиното момче

Полицијата ја приведе 24-годишната индиска актерка и ѕвезда на Боливуд, Реа Чакрабори, поради сомнение дека е поврзана со трагичната смрт на нејзиниот дечко и колега, актерот Сушант Синг Рајпут, пренесува Би-би-си.

Рајпут бил пронајден мртов во неговиот стан во Бомбај во јуни оваа година, а полицијата претходно потврдила дека се работи за самоубиство.

Бидејќи Рајпут бил голема ѕвезда во родната земја, неговата смрт привлече големо внимание во медиумите и предизвика бес во јавноста. Целиот гнев беше насочен кон актерката.

Двојката се забавуваше уште од летото минатата година, а во декември 2019 година почнаа да живеат заедно. Недела дена пред неговата смрт, Реа се вратила да живее со нејзините родители. Откако Рајпут починал, медиумите пишуваа дека тој имал проблем со психичкото здравје.

 

View this post on Instagram

 

UNLOCK your inner magic ✨🌟🌟 #unlock #rheality 🌟🌟✨🌟

A post shared by Rhea Chakraborty (@rhea_chakraborty) on

Потоа целата медиумска хајка била насочена кон Реа. Голем број луѓе на социјалните мрежи ја линчуваа и ѝ упатија  погрдни зборови, а меѓу другото ја нарекуваа и ловец на богатство. Тие ја обвинија дека таа го навлекла Рајпут на дрога и го довела во состојба да изврши самоубиство.

Реа досега ги негирала ваквите обвинувања. Во нејзина одбрана застанаа голем број актери од Боливуд, кои ги обвинија  медиумите во Индија  дека прават мобинг над актерката.

„Линчувате човечко суштество уште пред да се докаже дека е виновна. Искрено се молам да ве стигне кармата“, напишала актерката Тапси Пан.

Уапсен е и братот на Реа, поради индиции дека имал врска со дрогата за која одговорните се сомневаат дека е поврзана со смртта на Рајпут.

Scroll to Top