(Видео) Не му дозволиле посета, па го израдува синот со танц пред болницата

Американката Лори од Тексас објави емотивно видео на социјалните мрежи од нејзиниот сопруг Чак, кому му било забрането да го посети синот Ајден во болницата Cook Children’s, каде што се лекувал.

14-годишното момче Ајден боледувало од акутна лимфоцитна леукемија, а во собата каде што бил сместен било дозволено да има само еден посетител.

Со него била неговата мајка Лори, додека татко му се симнал пред болницата, под неговиот прозорец и почнал да танцува. Убавиот гест ги развеселил и останатите деца од болницата.

На Ајден му била дијагностицирана болеста на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Поради тоа лекарскиот персонал морал да ги ограничи посетите за да го намали ризикот од можна зараза на децата, чие здравје и така било кревко.

Од болницата дозволувале посета на само еден родител. Со Ајден за време на терапијата останала неговата мајка, додека татко му решил да се симне пред болницата и под неговиот прозорец да танцува и на тој начин да го развесели синот.

Scroll to Top