Домашна туршија без конзерванси

Состојки:

5 килограми зеленчук за туршија (краставички, пиперки, моркови, зелен домат, карфиол, ситен кромид)
5 литри вода
1 литар оцет
13 супени лажици шеќер
5 супени лажици сол
1 кесичка винобран
црн пипер во зрно, копар, рен (по вкус)

Начин на подготовка:

Добро измијте го зеленчукот, па исчистете го. Потоа продупчете ги пиперките за да влезе вода во нив. Исчистете ги морковот, кромидот и доматите. Потоа ставете го зеленчукот во буре и ставете вода во која сте додале оцет, сол, шеќер и винобран. Сето тоа добро измешајте го, па притиснете го зеленчукот за да биде што подлабоко во водата. Чувајте го бурето на суво и ладно место, далеку од сонце.

Scroll to Top