Дерек Шовен, поранешниот полицаец од Минеаполис, кој го задуши Афроамериканецот Џорџ Флојд, е пуштен од затвор. Шовен излегол на слобода во средата утрото, откако претходно платил кауција од милион долари.
За потсетување, Шовен заврши во затвор на 31 мај, откако претходно беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен. Тој беше осуден откако во јавноста се појавија видеоснимките на кои се гледа како тој со колено го притиска вратот на Флојд и полека го задушува.
Шовен беше снимен за време на приведувањето на Флојд. Тој речиси девет минути го притискал со коленото неговиот врат, додека Флојд го молел да го пушти, затоа што не може да дише. Резултатите од обдукцијата покажале дека Флојд починал од последица на гушење.
Овој случај покрена цел бран протести против полициско насилство, не само во Америка, туку и пошироко во светот.
Потврдата за ослободувањето од затвор ја објавија од канцеларијата на шерифот во округот Хепенин. Велат дека станува збор за условен отпуст.