Филмот „Брзи и бесни 9“, кој требаше да има премиера годинава во мај, ќе почне да се прикажува во кината на 28 мај 2021 година. Според „Холивуд репортер“, ова е трето одложување на премиерата на филмот, а сè поради пандемијата со короната.
„Филмските студија не се сигурни дека нивните хитови ќе поминат добро на бокс-офисот ако ги промовираат сега. Очекуваме дека и други филмови ќе го следат примерот на ‘Брзи и бесни’ и дека ќе има уште многу одложувања до крајот на годината“, пишува филмското списание.
Пред само неколку дена беше откажана и премиерата на филмот No Time to Die за тајниот агент Џејмс Бонд, па филмот ќе почне да игра во кино на 2 април 2021 година.