Агенцијата на Обединетите нации за храна, светската програма за храна (WFP), е добитник на годинешната Нобелова награда за мир. Наградата ѝ беше врачена поради придонесот и борбата што ја води против гладот, соопштија денес од Нобеловиот комитет.
Наградата вредна 1,1 милион долари добитникот ќе ја прими на 10 декември во Осло. Оваа година во трка за престижната награда биле 318 кандидати, од кои 211 биле поединци, а 107 организации.
Листата на номинирани е тајна, како и секоја година, а познат е единствено бројот на номинирани. Доделувањето на престижното признание привлече голем број шпекулации ширум светот, откако се појавија информации за номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
На крај се утврди дека тој не е на листата. Фаворитите за годинешната Нобелова награда за мир ја обликуваа настани кои ги следеа конфликти, пандемијата со коронавирусот, економската неизвесност и протестите ширум светот.