Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се излекува од коронавирусот, првата дама, Меланија, откри дека и нивниот син Барон бил заболен од Ковид-19.
Најмладиот син на Трамп, Барон (14), бил позитивен на коронавирусот во исто време со своите родители, но немал никакви симптоми, изјавила Меланија.
Таа на блогот на Белата куќа објавила дека Барон на почетокот бил негативен, но по неколку дена, повторно бил тестиран и тогаш се покажало дека има вирус, пренесуваат американските медиуми.
Доналд Трамп повеќе не може активно да го шири вирусот Ковид-19 и може да настапува во градското собрание во Мајами на настанот во организација на „Ен-би-си њуз“, изјавил водечкиот американси епидемиолог Ентони Фаучи.
Во интервју за Си-би-си изјавил дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравје ги прегледале сите тестови на Ковид-19 што му биле направени на претседателот, како и дополнителен тест направен во лабораторијата NIH.
Тие дошле до заклучок дека претседателот не е заразен, пренесува „Ројтерс“. Трамп на 2 октомври објави дека е позитивен на коронавирусот и неколку дена примаше терапија во болница.