Пустините во Африка се исполнети со дрва

Пустината Сахара е преполна со дрва, покажува новата револуционерна студија, направена со сателитски снимки со висока резолуција, пренесуваат светските медиуми.

За снимките кои биле направени, биле користени специјални алгоритми и преку истите, научниците дошле до заклучок кој е спротивен од популарното мислење дека во пустините Сахел и Сахара нема дрва. Тие велат дека на овие места постојат најмалку 1,8 милијарди стебла.

Тим од 24 научници од Европа, САД и Африка, откриле дека таканаречените субвлажни зони, се исполнети со растителен свет.

„Бевме многу изненадени што во пустината Сахара растат толку многу дрва“, изјавил главниот автор Мартин Бранд, доцент по географија на Универзитетот во Копенхаген.

„Секако постојат голем број подрачје, без никакво дрво, но, сè уште постојат подрачја со голема густина на стебла, па дури и меѓу песочните дињи, расте по некое дрво“, изјавил Бранд.

Благодарение на моќниот алгоритам и со 11.000 сателитски снимки со висока резолуција, научнците успеале да ги избројат стеблата. Откриените поединечни стебла покажале густина од 13,4 дрва на еден хектар.

Студијата ги има исклучено малите дрвца или грмушките со мали крошни и ги забележувале само оние со просечна големина.

Експертите кои го направиле истражувањето, велат дека наскоро би можеле да се мапираат локациите и големината на секое дрво ширум светот.

Scroll to Top