Палачинките направете по свој рецепт. Потоа подгответе го филот од јаболка.
Потребни состојки:
3 јаболка, излупени и исечкани на коцки
3 лажици кафеав шеќер
2 лажици млеко
Неколку капки лимон
½ лажичка нишесте
1-2 лажички цимет
Прелив од цимет:
2 лажички цимет
2-3 лажици мед
Начин на подготовка:
Јаболката ставете ги во тавче, заедно со сите состојки одеднаш и варете околу 5-7 минути. Ако сакате јаболката да се помеки, ставете капак врз тавчето. Наполнете ги со филот од јаболка и замотајте ги. На крај, помешајте го медот со циметот и прелијте ги палачинките. По желба, може да додадете мелени ореви или јаткасто овошје.