Џил Бајден, сопругата на демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден, е жената која се заканува да го земе местото на сопругата на Доналд Трамп, Меланија.
Џил има богата работна биографија. Родена е во мај 1951 година, во Њу Џерзи. Пораснала со четири сестри во Пенсилванија, каде се запишала на факултет за дизајн. Сакала да стане креаторка. Во истиот период се омажила за љубовта од средно школо, рагбистот Бил Стивенс.
Но, овој брак траел кратко време. Џил сватила дека Бил не е за неа и дека не е човек за кој би можела да биде заинтересирана на долг период. Таа се откажала и од работата со дизајн и се запишала на студии по англиски јазик.
Дипломирала, докторирала и почнала да предава на факултет. Дури и развила неколку прогресивни програми во областа на образованието. Кога Бајден нижел успеси на политичката сцена, така пораснал и интересот за неговиот приватен живот.
Американската јавност, меѓу останатото, дознала дека Џил во раната младост се занимавала со манекенство. Таа објаснила подоцна дека тоа не било нешто сериозно.
Манекенската кариера ја однела директно до нејзиниот иден сопруг. Бајден, тогаш бил сенатор, а Џил ја видел на една фотографија од реклама на автобуска станица. Повлекол неколку врски за да го добие нејзиниот телефон. Таа се согласила да излезе со него, иако не знаела ни како изгледа. Тоа се случило една во лето, во една топла сабота во 1975 година.
„Тогаш се забавував со момци кои носеа фармерки и обични маици, а тој на мојата врата се појави облечен како џентлмен, во совршен скроен капут. Кога го видов си помислив дека ова нема шанси да успее. Не давав никакви шанси, а имаше и разлика во годините. Беше девет години постар од мене“, се присетува Џил во интервјуто за Vogue.
Двајцата излегле во кино, а на заминување, наместо бакнеж, за добра ноќ таа добила нежно стискање на раката. Доволно за истата вечер да и се пофали на мајка ѝ дека запознала вистински џентлмен. Подоцна дознала дека Бајден ги изгубил жената и ќерката во сообраќајка и дека има два сина. Хантер и Бо, кои тогаш биле тешко повредени.
Две години по првиот состанок, Џи и Џо го изговориле судбоносното да, во Њујорк, во капелата во рамките на зградата во Обединетите нации. Претходно, четири пати таа го одбивала неговиот веренички прстен. Подоцна објаснила дека сакала да биде сигурна дека бракот ќе функционира во секој сегмент и дека не би можела да поднесе неговите синови да изгубат уште една мајка.
Џил немала намера да биде само домаќинка, иако совршено се снаоѓала во домашни услови, но и во улога на мајка, особено кога во 1981 година, на свет ја донела ќерката Ешли. Паралелно работела на клиниката, во која на адолесцентите со психички проблеми им предавала англиски, а работела и како професорка во средно школо.
Докторатот го стекнала на универзитетот во Делавер. Тоа било во 2007 година, истата година кога стоела покрај сопругот, додека положувал заклетва како нов потпретседател на САД. Џил и покрај неговата висока функција, одлучила да ја задржи својата работа, потег кој ги изненадил сите.
Госпоѓа Бајден е голем филантроп. Им помага на семејствата на војниците и ветераните, работи на подобрување на правата и положбата на жената во африканските држави, а ангажрана е и во националната фондација за борба против ракот на дојката.
Ја има напишано книгата Where The Light Enters, као и две за деца. Иако следното лето ќе го прослави седумдесетите роденден, таа редовно се занимава со нималку лесни атлетски дисциплини, како што се трките на долги патеки, од пет и десет километри.
Додека таа тренира на спортските патеки, нејзиниот сопруг го трча почесниот круг со Доналд Трамп. Наскоро ќе може да видиме кој е во подобра кондиција. Во споменатата книга, Џил опишала како го минува времето со сопругот, децата и внуците.
„Нема многу од тие слободни моменти, особено не од оние кои Џо и јас можеме да ги поминеме сами. Затоа е обидувам од истите да извлечам најмногу. И никогаш не разговараме за политиката.
Додека Бајден беше потпретседател, Џил ја нарекувале втората дама. Дали ќе стане и прва, ќе се дознае за некој ден. Атмосферата од другата страна на Атлантикот се вжештува, што поради вирусот кој по краткото смирување, повторно носи жртви, што поради изборите за претседател.
Големите кампањи и собири овој пат се истакнаа пред пандемијата и мерките за внимателност, но кандидатите најдоа и други начини како да се пресметаат и тоа жестоко.
Не и е лесно ни на обложувачите, затоа што еден ден кворите се подигнуваат за актуелниот прв човек, републиканецот Доналд Трамп, додека веќе следниот ден, шансите му се даваат на другиот кандидат, на демократската партија, Џо Бајден, кој беше потпретседател во мандатот на Барак Обама.
На 3. ноември ќе дознаеме дали Трамп ќе остане во Белата куќа, или можеби Џо Бајден ќе успее да се всели во неа. Трамп нема поддршка од медиумите и влијателните луѓе. Бајден од друга страна може да смета на цел Холивуд и интелектуалната елита.
Тоа се гледа и на социјалните мрежи, каде го поддржаа голем број од филмски и музички ѕвезди. Доколку победи, Бајден ќе стане најстариот американски претседател во историјата.