Француското радио RFI се извини поради направената грешка и објавените некролози на бројни познати личности, вклучувајќи ги и фудбалерот Пеле, кралицата Елизабета, актерката Бриџит Бардо и многу други, оправдувајќи се дека станува збор за техничка неисправност.
„Поради технички дефект, на нашата веб-страница беа објавени низа текстови посветени на починати личности. Се работи за отстранување на овој голем дефект. Се извинуваме на сите кои се чувствуваат погодени и на вас кои нè следите и ни давате доверба“, изјавиле од радиото.
Оваа голема грешка предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, од забуна и неразбирање, па сè до исмевање.
Меѓу познатите личности на кои им беа посветени некролози беа и врховниот водач Али Хамнеи, поранешниот американски претседател Џими Картер, кубанскиот лидер Раул Кастро, фудбалската ѕвезда Пеле, но и актерите како Клинт Иствуд, Софија Лорен, Бриџит Бардо и други.
Тука е и поранешниот француски министер и поранешен претседател на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј, Бернард Тапи, кој веќе неколку пати беше прогласуван за мртов.