Британското кралско семејство има повеќекратни извори на приход, а кралицата тежи 360 милиони фунти, пренесуваат медиумите. Таа и нејзиниот син, принцот Чарлс, заработуваат најмногу од своите имоти и пари што ги добиваат од Парламентот.
Само 320 Британци се побогати од кралицата Елизабета Втора. Милиони фунти прима и остатокот од семејството. Трите главни извори од кралските прихои се кралската апанажа, војводството Ланкастер и нејзиниот приватен имот и инвестициите.
Кралицата е сопственик и на сите необележани лебеди, делфини и китови во кралството од 12 век, иако економистите и експертите за кралското семејство се шегуваат дека веројатно не профитираат многу од тоа.
Кралската апанажа е годишниот приход од владата, кој де факто ги поркива трошоците од патувањата, репрезентациите, осигурувањата, вработените и одржувањето на кралските палати и имоти.
Кралицата добила и по 42,8 милиона фунти (ослободени од данок) преку кралската апанажа за фискалната година 2016/2017, а бројката пораснала на 76,1 милиони фунти поради финансирање на реновирањето на Бакингемската палата.
Кралската апанажа се добива и од збирот од имотот и фармата (Краун естејт), која годишно генерира стотина милиони фунти.