Американскиот бизнисмен Илон Маск, коосновачот на компанијата „Тесла“, го престинга милијардерот Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек на планетата.
Нето богатството на 49 годишниот Маск, порасна од 7.2 на 127.9 милијарди долари, што е резултат на уште еден скок на цената на акциите „Тесла“, пренесува агенцијата „Блумберг“.
Маск оваа година го зголеми своето нето богатство за 100.3 милијарди долари, најмногу од сите во „Блумберг“, индексот на милијардери, кој ги рангира 500 најбогати луѓе на светот. Во јануари оваа година, тој се наоѓал на 35. место.
Неговиот напредок на ранг листата на богаташи, во најголема мерка е резултат на растот на акциите на компанијата „Тесла“, чија вредност се приближува во износ од 500 милијарди долари. Околу четвртина од нето богатството на Маск, ги вклучува и акциите на „Тесла“, кои вредат преку четири пати повеќе од неговиот удел во компанијата Space exploration technologies (Spacex).
Ова е втор пат во осумгодишната историја индексот на „Блумберг“, да го покаже Бил Гејтс под второто место. Тој со години ја држеше првата позиција, пред истата во 2017 година да ја превземе основачот на „Амазон“, Џеф Безос.
Нето богатството на Гејтс, во износ од 127.7 милијарди долари, би бил многу поголем ако низ годините не донирал огромни суми за добротворни цели. Само добротворната фонација која го носи неговото име, од 2006 година имал дадено повеќе од 27. милијарди долари, напоменува „Блумберг“.