Шишарки со чоколадо и мед

Потребни состојки:

3 лажици какао
100 г чоколадо
100 г сусам
5-6 лажици мед
800 г чоко попс или МБ житарки
5 лажици шеќер
1 маргарин (250 г)

Начин на подготовка:

Сусамот се пече во суво тенџере за да добие убав мирис и малку да зарумени. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот исечен на коцки, чоколадото искршено на коцки и се меша додека да се растопат. Тенџерето е најдобро да се тргне на страна за да не изгорат или треба да се намали температурата на минимум. Кога ќе се соедини смесата, се додаваат и сите други состојки, освен чоко попсот. Чоко попсот е најдобро да се стави во поголем сад, па кога преливот ќе се растопи, се прелива и меша за да се изедначи. Со смесата се полни внатрешната страна од цедалката за лимон, па шишарките се истресуваат врз рамна чинија.

Scroll to Top