76-годишна баба и нејзиниот 23-годишен сопруг снимаат порнофилмови заедно. И покрај тоа што се 53 години разлика, Алмеда и Гери Хардвик тврдат дека не постои пречка во нивната љубов. 76-годишната Алмеда и 23-годишниот Гери се венчале во 2015 година откако се запознале на забава на нејзиниот син, Роберт, пишува британски „Сан“.
Својот приватен живот го споделуваат со пријателите на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички Тик-ток профил, сега почнаа да снимаат и порнофилмови и содржината да ја продаваат на порносајтот „Only fans“.
Оваа страница овозможува на регистрирани членови да споделуваат провокативни фотографии и снимки и од тоа да заработуваат. А, се чини дека Алмеда и Гери тоа добро го искористиле.
View this post on Instagram
-Отворивме профил и сѐ покажавме таму, без цензура. За само една недела сме во топ 10 најследени профили, напиша Гери на Твитер.
По венчавката парот се преселил во куќата на Алмеда и сега живее со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.
-Не барав момче, но Гери едноставно се најде. Едноставно веднаш знаев дека тој е вистинскиот, вели Алмеда.