Познатиот колумбиски пејач Хосе Алваро Осорио Балвин, познат како Џеј Балвин, испиша историја со компанијата за патики „Најки“. Неговите патики Air Jordan I x I Balvin излегоа во продажба на 8 декември, 10 месеци откако претходно беа најавени.
Тие биле распродадени во светот во најкус можен рок. Колумбиецот на тој начин влегол во историјата на компанијата „Најки“ како прв латиноуметник што соработувал со брендот „Џордан“.
Освен по популарните песни, Балвин е познат и по својот моден стил и големиот број патики што ги поседува.Тие најчесто се шарени и необични, исто како и овие што ги направил во соработка со компанијата „Најки“.
Музичарот на фановите делумно им ја открил назнаката за патиките што ги дизајнирал во февруари оваа година кога се појави на годинашниот „Супербоул“ и ѝ се приклучи на Џенифер Лопез на сцената.
Инспирирани од неговите најнови студиски албуми, Colores и VIbras, неговиот модел на патики има голем избор на бои. Ги има бело-црни, со знаците на „смајли“, гром и разни други детали.
Пејачот, кој на „Инстаграм“ го следат повеќе од 45 милиони луѓе од целиот свет, изјавил дека оваа соработка е уште еден начин на кој тој може да се поврзе со светот и дека тоа било остварување на неговиот сон.
Неговите патики чинат 190 долари, а може да се најдат во разни трговски центри, како што се Foot Locker, Shoe Gallery, Sole Fly и многу други.
View this post on Instagram