(Видео) Руски космонаут објави видео од неговата прошетка во вселената

Рускиот космонаут Сергеј Куд Шверчков на социјалните мрежи објави видео од неговата прошетка во вселената. Додека руската вселенска агенција „Роскосмос“ се подготвува да го унапреди еден од модулите на Меѓународната вселенска станица, Сергеј ја сподели снимката од неговата прошетка.

Неговиот престој во вселената траел околу седум часа.

„Одзема здив, зар не?“, напишал Сергеј на социјалната мрежа VKontakte.

На видеото од четири минути, прикажано е работата на Сергеј Рижиков, кој работел на демонтажата на модулот Pirs. Ова се случило на 18 ноември, за време на нивната вселенска прошетка, која траела 6 часа и 47 минути.

 

Ова било прво искуство на космонаутите, кои работеле во вселенски вакум, навеле од „Роскосмос“. Космонаутите го споредиле ова искуство со искачување на планина, но изјавиле дека работата ги потсетило и на нуркање во пештерите, затоа што ништо не можеле да видат, освен опремата и она што рефлекторите можеле да го осветлат.

Првпат во вселената заминал советскиот космонаут Алексеј Леонов, во април 1965 година. Тој ја користел воздушната комора на надувување, за да го напушти вселенскиот брод и поминал 12 минути и девет секунди во вакум.

 

Scroll to Top