Статуата од холивудската актерка Анџелина Џоли, која била поставена во понеделникот во рускиот град Нововоронеж, е отстранета следниот ден од властите.
Статуата од холивудската актерка предизвикала голем број контроверзии кај тамошната јавност затоа што изгледала страшно и личела на зомби. Многумина сметале дека статуатата била мрачна и ги плашела децата.
„Повеќе изгледаше како споменик посветен на жртвите од коронавирусот. Штета е што не ја ставија на влезот во градот“, напишал еден корисник на социјалните мрежи.
И сенаторот на овој регион, Алексеј Пушкин, признал дека статуата изгледа страшно.
На социјалните мрежи се објавени видеа од нејзиното отстранување. Таа била поставена по повод 250-годишнината од настанувањето на селото Аленка, место на кое денес е изграден градот Нововоронеж.