(Видео) Статуата од Анџелина Џоли како зомби, отстранета по еден ден

By

Статуата од холивудската актерка Анџелина Џоли, која била поставена во понеделникот во рускиот град Нововоронеж, е отстранета следниот ден од властите.

Статуата од холивудската актерка предизвикала голем број контроверзии кај тамошната јавност затоа што изгледала страшно и личела на зомби. Многумина сметале дека статуатата била мрачна и ги плашела децата.

„Повеќе изгледаше како споменик посветен на жртвите од коронавирусот. Штета е што не ја ставија на влезот во градот“, напишал еден корисник на социјалните мрежи.

И сенаторот на овој регион, Алексеј Пушкин, признал дека статуата изгледа страшно.

На социјалните мрежи се објавени видеа од нејзиното отстранување. Таа била поставена по повод 250-годишнината од настанувањето на селото Аленка, место на кое денес е изграден градот Нововоронеж.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX watch anime free: My Hero Academia (https://animeflix.nl/m/3v3) Episode 13

GoGoAnime anime: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 2 (https://gogoanime.be/m/VXQj/ep-2)