(Видео) Градоначалничка се омажила пред 150 гости, па барала да не се прават масовни собири

Градоначалничката Патрисија Дуран на мексиканскиот град Наукалпан во ист ден направила свадба во присуство на 150 гости, а потоа на „Фејсбук“ предупредила да се избегнуваат масовни собири.

Таа во саботата се омажла за поранешниот полициски комесар Лазар Гајтан, пренесува „Дејли мејл“. Наместо церемонијата да ја одржат во Мексико, каде што има висок ризик од пандемијата на Ковид-19, тие свадбата ја направиле во државата Морелос, каде што опасноста била помала.

Истиот ден кога ја направила свадбата, Дуран на својот „Фејсбук“ објавила предупредување за да се избегнуваат масовни собири поради опасноста од ширење на коронавирусот.

„Ковид-предупредување, сега сме во ризик на црвено ниво“, напишала таа на шпански.

Веднаш по нејзината објава, следувале лавина критики од луѓе што ја нападнале дека и таа не ги почитувала мерките. Тие ја нападнале дека и гостите на нејзината свадба не носеле маски.

Во понеделникот Мексико беше на четвртото место на светот со 118.202 смртни случаи, а на 13. место по бројот на заболени, со вкупен број од 1,3 милион.

 

 

Scroll to Top