Група од тринаесет млади луѓе вчеравечер правеле роденденска журка во центарот на Скопје. Тие на забавата се дрогирале кога полицијата упаднала во станот и ги фатила на самото место. Од МВР ја потврдија веста и рекоа дека во друштвото сите биле на возраст од 21 до 31 година. Тие освен што не се придржувале на забраната за организирање прослави поради пандемијата и славеле роденден, биле фатени и како се дрогираат.
На роденденската забава имало разни видови дрога: кокаин, амфетамин, марихуана и „екстази“, како и масло од хашиш. Во станот била пронајдена и поголема сума пари за која МВР дополнително ќе истражи. Од таму го потврдија случајот и рекоа дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.