Холивудската глумица и добитничка на Оскар, 56. годишната Сандра Булок тајно се омажила, пишуваат светските таблоиди. По шест години врска, Булок се омажи за 55. годишниот модел и фотограф Брајан Рандал, пишува магазинот „ОК“.
Двајцата се венчале на нејзиниот ранч во Вајоминг, открил извор близок до актерката. Тој вели дека на церемонијата имало неколку гости, семејството и најблиските пријатели.
„Двајцата не сакаа да прават голема свадба, па се решија за интимна прослава. Беа воодушевени од тоа како на крајот излезе“, открил изворот.
За потсетување, Сандра во 2010 година се разведе од претприемачот Џеси Џејмс, кој како на крајот се испоставило, ја изневерувал со повеќе од 20 жени. Сандра потоа посвои две деца, 11 годишниот син Луис и деветгодишната ќерка Лејла.