Од „Твитер“ велат дека трајно го блокирале профилот на американскиот претседател Доналд Трамп, поради ризикот од понатамошно поттикнување на насилство.
„По деталниот преглед на твитовите од налогот @realDonaldTrump и нивниот контекст, решивме трајно го суспендираме поради ризикот од понатамошно поттикнување на насилство“, велат од компанијата.
„Твитер“ претходно привремено го блокираше налогот на Трамп, по упадот на неколку од неговите приврзаници во зградата Капитол во средата. Тогаш предупредија дека дополнителни кршења на правилата на „Твитер“, ќе резултираат со трајна суспензија на неговиот налог, пишува „Ројтерс“.