Познатиот магионичар и скротувач на животни Зигфрид Фишбахер почина на 81-годишна возраст. Фишбахер починал во својот дом во Лас Вегас, од последица на рак на панкреас.
Тој почина само осум месеци по смртта на неговиот голем пријател и соработник Рој Хорн, кој не успеа да го победи коронавирусот. Двајцата беа познати во целиот свет, изведувајќи разни неверојатни шоу-програми во Лас Вегас.
Двајцата соработувале заедно сè до моментот кога Хорн бил нападнат од еден од тигрите во шоуто кое го изведувал. Тигарот го гризнал за врат и му го смачкал душникот, по што Хорн останал делумно парализиран.
Подоцна тој ги негирал ваквите објави во медиумите, објаснувајќи дека тој доживеал мозочен удар, а дека тигарот е тој кој му го спасил животот. Животното го гризнало за вратот за да го одвлече од сцената, при што му ја пресекло артеријата.
Пресекот на артеријата, како што објаснил Хорн, го ослободило притисокот создаден од мозочниот удар, па лекарите подоцна успеале да му го спасат животот.