(Фото) Појако и од „Гугл-мап“, пештерата „Убавица“ е единствена со 3D визуализација во Македонија

Пештерата „Убавица“ или Ѓоноичка пештера се наоѓа во непосредна близина на гостиварското село Горна Ѓоновица. Нејзиниот влез се наоѓа на педесетина метри од патот Гостивар-Кичево.

Преку виртуелната тура, не мора да влезете во внатрешноста. Три-де (3D) е создадена по топографското скенирање на пештерата и дава извонреден приказ на оваа природна убавина.

Спелеолозите претпоставуваат дека излезот на оваа пештера е од другата страна на планината Буковиќ, кај кичевското село Зајас. Заедно со претходно откриените 500 метри и новите 800 метри, „Убавица“ стана меѓу најдолгите пештери во Македонија.

И покрај тоа што оваа пештера е откриена пред пет децении доскоро ништо не е преземено за уредување на просторот и таа да биде достапна за љубитните туристи. Таа остана незаштитена на милост и немилост и недостапна за туристички посети.

Името „Убавица“ го добила поради изразитиот сталагмит во форма на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси. Во пештерата има богат пештерски живот, лилјаци и пештерски штурци и други форми на флора и фауна.

Во неа ќе можете да влезете со специјалисти водичи, со заштитна опрема. Тие ќе ве внесат во внатрешноста на една од најраскошните пештери во Македонија.

Во пештерата до пред некоја година влегувале авантуристи, трагачи по возбуди и научници. Но таа е оставена без заштита и не се водела никаква грижа. Таа била изложена на вандализирање и уништување на внатрешните украси.

 

Scroll to Top