Ледот на Земјата денес се топи побрзо отколку во деведесетите години од минатиот век, а климатските промени генерираат глобален пораст на температурата на воздухот, е наведено во новите извештаи.
Од средината на деведесетите години се стопени 28 билиони кубни тони лед од глечерите и истите завршиле во ледените мориња и на половите. Годишната стапка на топење на ледот е 57% побрзо од пред три децении, велат експерите во најновата студија објавена во магазинот „Криосфер“.
Изненадување е дека во рок од 30 години топењето вака забрзало“, изјавил еден од коавторите на студијата Томас Слатер, експерт за проучување на ледот на Универзитетот „Лидс“ во Велика Британија.
Топењето на глечерот и ледот на Антарктикот, Арктикот и на Гренланд, резултирал со зголеување на просечното ниво на морето за 3,5 сантиметри во последните три децении, а температурата на воздухот на Земјата пораснала во просек за 1,1 степен Целзиус.